Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, чиј договор со кралскиот клуб истекува на 30 јуни, може да направи сензационален трансфер и да ја засили Рома, предводена од неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо, пренесуваат италијанските медиуми.
Рамос е на чекор да постигне договор со Реал во врска со продолжување на соработката за една година со намалена плата, но Мурињо чека шанса да го донесе шпанскиот ветеран. Рамос минатата сезона имаше годишна плата од 12 милиони евра, а тоа е огромен трошок за Рома, која во тој сегмент не може да им парира на Пари Сен Жермен и Манчестер Сити, кои веќе некое време чекаат во редот за ангажман на Серхио Рамос.
Разликата помеѓу Рома и овие два клуба е токму Мурињо. Тој има одличен однос со капитенот на Реал Мадрид и доколку Рамос се одлучи да замине од „Сантијаго Бернабеу“, би можел да се пресели на „Олимпико“ во Рим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













