Украина е следниот противник на фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство. На 17 јуни на Националната арена во Букурешт, можеби ќе се води и клучниот дуел за пласман во втората фаза.
Андриј Јармоленко, опасниот напаѓач на Укранците смета дека неговата селекција мора да ја победи Македонија ако сака да се надева на пласман во следната фаза од турнирот.
„За да ја поминеме групата, едноставно сега мора да ја победиме Македонија. Тоа на сите ни е јасно. Бевме блиску до бод против Холанѓаните, но, за жал, не успеавме да издржиме до крајот иако херојски се вративме. Сега добро да се одмориме, да се подготвиме и да одиме на победа против Македонија“, вели Андриј Јармоленко.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













