
Пандемијата на коронавирусот зема се поголем замав, а владата донесе нови мерки за заштита од Covid-19. Донесен е и генерален протокол за одржување на спортски натпревари, кој многу веројатно нема да може да функционира во македонски рамки поради истенчениот буџет на спортските клубови.
Со одлука на владата на спортските екипи им е наложен задолжителен Ковид-19 тест 72 часа пред натпревар, а одлуката предвидува клубовите сами да ги плаќаат давачките. Тоа е огромен финансиски удар за спортските клубови во државата. Поради тоа, најверојатно спортот повторно ќе замре.
Фудбалските третолигаши, клубовите кои важат за аматерски, сигурно не можат да го поднесат овој финансиски товар и ќе го прекинат првенството, многу слична е ситуацијата меѓу второлигашите, а прволигашките клубови немаат силни буџети за да го издржат овој новонаметнат критериум од владата.
„Бидејќи владата донесе одлука за тестирање на фудбалерите пред секој натпревар ОФИЦИЈАЛНО првенството ќе се прекине (Трета лига – Запад). Федерацијата има поднесено барање до владата за промена на оваа одлука и додека стигне одговорот од владата првенството нема да се игра, бидејќи знаеме дека клубовите не се во можност да прават трошоци за тестирања пред секој натпревар“ – велат од третолигашките клубови.
Финансиската ситуација е тешка и ви другите спортови, кошарка, ракомет, одбојка…
Во една ваква ситуација или федерациите ќе се нафатат тие да ги плаќаат задолжителните тестови за Covid-19 на 72 часа пред секој натпревар или спортот едноставно ќе умре…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
