Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед го одби можниот трансфер на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо. Раководството на англискиот клуб смета дека е несоодветно да се потроши голема сума на 36-годишниот Португалец, објави „Скај Спортс“.
Роналдо играше за Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година. Португалецот има постигнато 118 голови и 69 асистенции на 292 натпревари за тимот. Како дел од Јунајтед, Роналдо ја освои Лигата на шампионите и трипати стана шампион на Англија.
Договорот на португалската ѕвезда со Јувентус важи до летото 2022 година. Напаѓачот е во клубот од Торино од 2018 година, откако си замина од Реал Мадрид за 117 милиони евра.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












