
Германија има многу проблеми пред Европското првенство. Селекторот Јоаким Лев има сериозни неволји како да ги „заузда“ големите ѕвезди. Фудбалерите на Баерн Минхен кренаа бунт за промената на формација во 3-5-2, затоа што сметаат дека селекцијата подобро би функционирала со четворица во одбранбената четворка, а и тоа не е крај.
Левандовски одлучи дека Лирој Сане, Серж Гнабри и Томас Милер ќе играат во нападот на „панцирите“ на ЕВРО. Но, според германските медиуми, таа одлука многу тешко ја прифатиле Каи Хаверц и Тимо Вернер. Тие веруваат дека со одличната сезона во Челси, што доведе и до освојување на Лигата на шампионите, заслужија место во првиот тим на Германија.
„Амбициозен сум и секако дека сакам да играм против Франција од самиот почеток“, го цитираат Германците младиот Хаверц, кој ќе наполни 22 години на првиот ден од ЕВРО. Тој ја заврши сезоната со девет погодоци и асистенции, а го постигна единствениот гол во финалето на ЛШ.
Минатото лето стана најскапиот германски фудбалер во историјата бидејќи неговиот трансфер од Баер Леверкузен во Челси вреди 80 милиони евра. Вториот бунтовник и неговиот клупски соиграч Тимо Вернер истовремено се пресели во Челси од Лајпциг за 53 милиони евра и со тоа стана вториот најскап Германец досега.
По Европското првенство, Јоаким Лев ја напушта функцијата што ја извршуваше 15 години. Сега има големи проблеми на само десетина дена пред првиот натпревар против актуелниот светски првак Франција.
Очигледно дека по поразот од Македонија не им цветаат розите на Германците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Талески: Брера не смееме да ја потцениме

Евро-фудбал
Тотенхем тргнува по Морган Роџерс

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?
