
Португалскиот стратег Жозе Мурињо направи анализа на селекциите кои би можеле да стигнат до самата завршница на Европското првенство, а не ја исклучи и Германија, иако, како што напомена, „бундес-тимот“ загуби од Македонија во квалификациите за СП.
„Составот на Лев игра под нивото во квалификациите за СП и во Лигата на нации. Имаа историски пораз на домашен терен од Македонија. Тешко е да се разбере зошто се многу послаби во последните две години, можеби е потребна свежа крв. Но, сепак, Германците никогаш не смеете да ги потцените, тие имаат војничка дисциплина и можат да одат до самиот крај“, изјави Мурињо.
Мурињо смета дека Франција е главниот кандидат за титулата заедно со Белгија.
„Французите можат да состават три силни репрезентации. Ако го имате Мбапе, тоа е сериозна предност за секој селектор. Тој решава натпревари и ривалите се сериозно хендикепирани. Освен тоа, Французите имаат и репутација на светски првак. Белгијците се исто така многу силен тим, долго време играат заедно и мислам дека можат да одат и подалеку од полуфиналето, За нив ова е веќе и последна шанса на генерацијата можеби. Не можам да не ја споменам и мојата Португалија. Рубен Дијаш е најдобар дефанзивец во светот, а до него е Пепе. Нападот е супер потентен, со Кристијано Роналдо на кого ова му е последно ЕП. Искусни се, но ќе гостуваат кај сите противници. Ако ја минат групата, можат дури и до финале“, анализираше „Специјалниот“.
Европското првенство почнува в петок со мечот меѓу Италија и Турција во Рим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на клупата на Ајакс?
