
Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски ќе продолжи да го носи дресот на Сараево и во наредните две сезони. Како што откриваат босанските медиуми, капитенот на клубот ќе остане во Сараево до 2023 година.
Актуелниот договор на Крсте Велкоски истекуваше на крајот од месецот, но очигледно дека раководството на Сараево сака да го задржи искусниот фудбалер најмалку уште две сезони. Во наредниот период се очекува официјализирање на соработката и од клубот.
Крсте Велкоски се наоѓа на подготовки со фудбалската репрезентација на Македонија за настап на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal