Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го намали првично предвидениот награден фонд за Европското првенство, кое започнува за шест дена од 371 на 331 милиони евра. Но, сепак, и овој фонд е најголем во историјата на натпреварувањето.
Досегашниот рекорд е 301 милиони евра споделени од 24 учесници на ЕВРО 2016 во Франција.
Само за учество на ЕВРО, секоја репрезентација заработи 9,25 милиони евра, учесниците во осминафиналето ќе добијат дополнителни 1,5 милиони наместо првично планираните 2 милиони евра, четвртфиналето носи 2,5 милиони (претходно 3,25 милиони евра), полуфиналиња 4 милиони (претходно 5 милиони евра ), а финалето 5 милиони (претходно 7 милиони евра) и титулата 8 милиони евра (претходно 10 милиони).
Идните европски шампиони ќе можат да заработат најмногу 28,25 милиони евра.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












