Долго очекуваниот континентален шампионат почнува за само неколку дена. Познати се составите на репрезентациите, подготовките привршуваат и сè е подготвено да се игра низ цела Европа, бидејќи 11 градови ќе бидат домаќини на турнирот. Претходно беше планирано да ги има 13, но Даблин беше исфрлен од списокот поради коронавирусот и Брисел поради доцнење во работата на новиот стадион.
Одлични репрезентации на ЕВРО ќе испратат Белгија, Германија, Франција, Англија, а секако тука се и Шпанија, Италија, Холандија и Португалија, која ја брани титулата.
Сепак, алгоритмот најголеми шанси им дава на Французите да го освојат Европското првенство. Актуелниот светски шампион има можност да стане само четвртиот тим што би комбинирал титули од Светско и Европско првенство по ред.
Доколку тимот на Дидие Дешамп го подигне трофејот наменет за победникот, тој ќе стане првиот човек што го освоил Европското првенство и Светското првенство и како играч и како тренер. Французите имаат 46,8 проценти шанси да ја освојат својата група, што е наречена „група на смртта“ и каде се уште Германија, Унгарија и Португалија. Од друга страна, им се даваат 20,5 проценти шанси да го освојат турнирот.
Втор фаворит на ЕВРО е селекцијата на Белгија со 15,7 проценти шанси за успех, а потоа следат Шпанија со 11,3 % и Германија со 9,8 %.
Англичаните се само деветти фаворит со 5,2 проценти, додека на Хрватска и се дава само еден процент. Најмалку шанси за победа компјутерот им даде на Словачка со 0,04 проценти и на Северна Македонија со 0,02 проценти.
Европското првенство започнува на 11 јуни со натпревар помеѓу Турција и Италија. Македонија првиот натпревар го игра на 13 јуни против Австрија во Букурешт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal