Македонија Ѓорче Петров можеби е најпријатното изненадување во досегашниот тек од првенството во Првата фудбалска лига. Се обидува да им пркоси на Шкендија и на Шкупи кои се забревтани во трката за шампионската титула. Тимот на Жикица Тасевски денеска (13.30 часот) гостува во Кратово во последниот меч од прволигашката понуда за овој викенд.
Жичо во минатото беше тренер на Силекс, а Горан Симов го бранеше голот на ѓорчепетровци. Но, нема сентименталност, денеска битката за бодовите ќе биде жестока. Македонија ЃП сака да го продолжи позитивниот тренд, а и Силекс посакува три бода за да се врати во ритам.
Силекс се уште не е доволно опоравен од напорното лето, со оглед дека играше во квалификациите за ЛШ, а потоа и за ЛЕ. Финансиите дојдоа во Кратово, но сега ќе треба да се игра многу подобро и во шампионатот.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski