Жорди Кројф, синот на легендарниот Јохан Кројф, се приклучи на спортскиот сектор во Барселона. На овој начин, каталонскиот гигант продолжи активно да се зајакнува на сите полиња. Истовремено, претседателот Хоан Лапорта нагласи дека Роналд Куман ќе остане тренер на тимот и следната сезона.
По потписите на Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и на Емерсон, ова се кадровските одлуки во спортскиот дел.
„Заминав одовде пред 25 години и ми претстоеше долг пат. Ова е како да се вратив дома. Чувството да ја познавам околината добро ќе ми помогне во работата. Мотивацијата е огромна, ова е многу посебен клуб за мене. Горд сум што сум тука и имам намера да дадам се од себе“, изјави Жорди Кројф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













