Холандија одигра само 2-2 против Шкотска и Мемфис Депај ја извлече од пораз во завршницата, па доаѓаат се повеќе критики на адреса на селекторот Франк де Бур. По него „удри“ и голманот Јеспер Силесен кој беше позитивен на Ковид-19, а Де Бур реши да не го чека и го изостави од составот за Европското првенство. Инаку, Силесен е прв голман на холандската фудбалска репрезентација.
„Селекторот одамна знаеше дека имам позитивен тест на Ковид-19, ми рече дека ќе се приклучам на групата веднаш штом ќе имам негативен тест. Но, неколку дена подоцна го промени мислењето и едноставно ме избриша од составот. Ова боли многу, ни на крај памет не ми беше дека Де Бур ќе ми направи нешто вакво. Јас имам статус на прв голман во репрезентацијата“, вели Силесен.
Македонија ќе игра против Холандија на 21 јуни во Амстердам, во третото коло од групната фаза на Европското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













