Ромелу Лукаку дефинитивно останува во Интер и следната сезона. Ова го потврди напаѓачот за белгиска телевизија.
„Останувам. Веќе имав контакт со човекот кој ќе биде нов тренер.Можеби и не требаше да го кажам ова, но имавме многу позитивен разговор. Заедно со него ќе го прифатам предизвикот да го освојам „скудетото“ повторно, се чувствувам добро во Интер. Нивото што го достигнав оваа сезона му го должам на Конте. Неговите критики секогаш беа конструктивни, тој ме направи подобар фудбалер“, изјави Лукаку.
Белгијците веруваат дека Лукаку може да им го донесе и трофејот на Европското првенство.
„Не е Ромелу најдобриот во Европа. Ја прифаќам одговорноста, можеби сум меѓу првите тројца или петмина најдобри напаѓачи во Европа. Но, фудбалот е тимска игра и најважно е Белгија да победува. Дури и ако играме неубаво“, призна Лукаку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













