Сагата на Милан со голманот Џанлуиџи Донарума делуваше конечно завршена, со оглед на тоа што голманот одлучи да не потпише нов договор и да си замине од „Сан Сиро“ како слободен агент. Сепак, се појавија нови извештаи кои тврдат дека агентот на голманот, Мино Раиола се обидел да ги убеди „росонерите“ да ја преиспитаат одлуката за иднина без Џиџо.
Милан ја пратил својата последна понуда за продолжување на договорот на Донарума уште во мај, но откако обезбеди квалификации во Лигата на шампионите, сите се надеваа на позитивен одговор. Сепак, одговорот никогаш не пристигна бидејќи голманот навидум чекал на нова и подобрена понуда.
На крајот, Паоло Малдини делуваше брзо, доведувајќи го Мајк Мењан од Лил за 13 милиони евра. Заминувањето на Донарума оттогаш е повеќе или помалку потврдено, но сега се чини дека блефирањето на фудбалерот и неговиот агент не успеа.
Раиола се вратил во клубот за да види дали Милан би сакал да ја преиспита одлуката за прекин на соработката со младиот резпрезентативен голман на Италија, вели “ЕСПН”. Но, се чини дека е веќе предоцна за се, со оглед на тоа што тимот веќе го има Мењан, а и Раиола би требало да се сложи на условите кои беа веќе понудени.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












