Италијанскиот стратег Карло Анчелоти се врати на тренерската позиција во Реал Мадрид и потпиша тригодишен договор, а веднаш тргна и во офанзива по нови засилувања.
Италијанецот разговарал со Флорентино Перез и побарал првата трансферна цел на „кралевите“ да биде Николо Барела. Одличниот играч за врска на Интер треба да биде наследникот на Лука Модриќ. Анчелоти смета дека одлично би се вклопил со Тони Крос и дека би бил вистински креатор на играта на Реал Мадрид.
Интер има финансиски проблеми, тоа добро го знае и Карло Анчелоти, па ќе се обиде во Реал да го доведе Барела. Шпанските медиуми најавуваат понуда вредна 50 милиони евра за италијанскиот репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













