Connect with us

Барселона го нуди Кутињо назад во Ливерпул за да и го прости долгот

Барселона прави се за да се ослободи од Фелипе Кутињо. Каталонците го купија Бразилецот од Ливерпул за 160 милиони со бонуси, а повеќето не ги исполни. Одигра 90 натпревари за Барса, постигна 24 гола, а една година помина на позајмица во Баерн Минхен. Клубот не смета на него, но тој има договор и плата од 14,5 милиони евра, што е камен околу вратот за клубот.


Затоа Барселона излезе со интересна идеја, тие би го вратиле Кутињо во Ливерпул, ако „црвените“ им простат долг од 50 милиони евра за Бразилецот, што се уште не го платиле.


Иако често се споменува можно враќање на Бразилецот на „Енфилд роуд“, Ливерпул не е многу загреан. Јирген Клоп не смета дека Кутињо ќе им биде корисен, дури и ако значително ги намали своите приходи.


Барса е во долгови од околу една милијарда евра, тие ќе се обидат да се ослободат од фудбалерите со огромни плати. Жорди Алба има контакти со Атлетико Мадрид, Бускетс би можел да замине во Баерн, а исто така би го продале и Гризман на ПСЖ или на Јувентус. Покрај тоа, Пјаниќ, Дембеле, Брајтвајт, како и неколку помлади играчи би можеле да го напуштат клубот, но за повеќето од нив проблем е огромната плата што ја имаат и која не можат да ја добијат во другите клубови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови