Данецот Кристијан Ериксен имаше многу недоразбирања со Антонио Конте во првиот дел од сезоната, но потоа успеа да се наметне. Беше и пред заминување од Интер во јануари, но потоа со неколку добри игри му покажа на тренерот дека треба да биде дел од тимот.
Во вториот дел од сезоната ситуацијата драстично се промени, Интер стигна до шампионската титула, а Ериксен беше еден од најважните играчи. Сега на Данецот му недостига Антонио Конте кој го раскина договорот со Интер.
„Јас и Конте имавме понекогаш различни идеи, но бевме добри пријатели. Неговото заминување беше голем шок за мене и за сите соиграчи. Никој не очекуваше таков развој на настаните после освоеното „скудето“. Искрено, не знам каква ќе биде мојата иднина, многу ќе зависи и од тоа кој ќе биде нов тренер на Интер“, изјави Ериксен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













