Фудбалерот за врска на Барселона, Серхио Бускетс, би можел да го напушти „Камп Ноу“ и да направи трансфер во Баерн Минхен. Раководството на каталонскиот гигант планира голема реконструкција на тимот во кое е вклучено и заминување на дел од носителите на играта. Во ваков случај, Бускетс, кој има договор до 2023 година, спогодбено би раскинал со Барселона и би заминал во Баерн Минхен.
Жорди Алба би можел да замине по патот на Луис Суарез и да го засили Атлетико Мадрид.
Барселона се обидува да намали дел од буџетот за следната сезона. Планирани се неколку засилувања, но најголем дел од нив ќе дојдат како слободни агенти. Ерик Гарсија и Серхио Агуеро се првите кои ќе бидат претставени, а доаѓа и Џорџинио Вајналдум. Во завршни преговори е и ангажманот на Мемфис Депај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













