
Челси е во финалето на Лигата на шампионите. По девет години во клубот, капитенот Цезар Аспиликуета дочека со лондонскиот тим да биде дел од големото финале. Верува дека можат и до пехарот иако за ривал го имаат најдобриот англиски тим оваа сезона, Манчестер Сити на Пеп Гвардиола.
“Челси секогаш се бори за сè. Одевме чекор по чекор. Завршивме четврти во Премиер – лигата, тоа не е местото каде што сакавме да бидеме, но тоа е и предизвик за следната сезона. Ако станеме европски шампиони, ќе биде ова фантастична година за нас. Кога дојдов во Челси во 2012 година, сонував еден ден со тимот да играм во финалето на ЛШ. Сега останува јас и соиграчите да се избориме за пехарот. Ова е тоа, големото финале и мора да бидеме во нашето најдобро издание за да можеме да се надеваме на успех“, вели капитенот на Челси.
Тој верува дека трофејот може да пристигне на „Стемфoрд бриџ“.
„Оваа сезона имавме сè. Сакаме на крајот да биде специјална. Се вративме во финалето во Лигата на шампионите и сега останува да го направиме последниот чекор. Ова е посебен ден, ги имаме навивачите назад и сакаме да направиме историја. Ќе ја „изедеме“ и тревата за да направиме успех“, порачува Аспиликуета.
Челси и Манчестер Сити ќе ја имаат финалната пресметка во ЛШ вечерва (21 часот) на стадионот „Драгао“ во Порто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
