Претседателот Стево Пендаровски му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација на Папата Франциск. Ова е новата верзија на дресови со која националниот тим ќе го има историскиот настап на ЕВРО 2021.
„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното Европско првенство“ – напиша Пендаровски во објавата на социјалните мрежи.
Пендаровски е во Рим на чествување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













