
Македонскиот интернационалец Агим Ибраими беше стрелец на голот за Кукс во поразот од Кастриоти (1-2) во последното коло во албанскиот шампионат. Со ова, рој заокружи 15 гола во првенството на Албанија што е одлично постигнување ако се знае дека Ибраими и не е класичен напаѓач.
Ибраими успеа да погоди во 89. минута за Кукс и притоа само го намали поразот на својот тим против Кастриоти.
Шампионската титула во Албанија ја освои тимот на Теута од Драч, каде настапуваат македонските интернационалци Баже Тодоровски и Боби Целески. Теута имаше подобра гол – разлика и идентичен број бодови со Влазнија од Скадар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal