Шефот на стручниот штаб Бујар Ислами заминува од Ренова. Поради лошите резултати на тимот во последниот период, стратегот на „гипсарите“ одлучи да поднесе оставка од функцијата.
Ренова загуби и од Струга Трим Лум во последното коло, нанижа веќе шест порази во новата сезона и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата. Очигледно дека на тимот му е потребна промена за работите да тргнат во позитивен правец.
Бујар Ислами доби нов едногодишен договор на почетокот на сезоната откако Ренова лани заврши на четвртото место и беше дел од квалификациите во Лигата на Европа.
На утрешниот меч од Купот на Македонија против Струга Трим Лум, тимот на Ренова ќе го предводи спортскиот директор Фисник Нухиу.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













