Connect with us

Шкупи реди засилувања: Томе Китановски една година на Чаир

Македонскиот вицепрвак Шкупи е најактивен на трансфер – пазарот на самиот старт од летниот преоден рок. По Зука и Шеји, трето ново име во чаирскиот тим е Томе Китановски, повремениот македонски репрезентативец кој игра на десната странична позиција и досега го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров.


Томе Китановски потпиша едногодишен договор со Шкупи, со опција за продолжување доколку и двете страни се задоволни од соработката.

„Дојдов во Шкупи благодарение на спортскиот директор Омер Буњаку, со кого разговаравме и кој ме убеди во планот и програмата што ги имаа Шкупи за наредната сезона, а тоа е клубот да биде на врвот на табелата во Македонија. Се надевам дека ќе ја исполниме целта и желбата на навивачите. Се надевам дека ќе останаме што е можно подолго и во европските натпреварувања. Им ветувам на навивачите максимална борба на теренот“, изјави Томе Китановски по потписот на договорот со Шкупи.

Томе Китановски е искусен играч и има богата кариера зад себе. Во Пелистер ја почна кариерата, на домашната сцена играше и во Македонија ЃП, а беше и интернационалец во Кукс во Албанија, во Сабаил од Азербејџан, во Славен Белупо и во Истра во Хрватска. Китановски во Србија играше во Младост и во Вождовац, додека во Романија го носеше дресот на Универзитатеа Крајова.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови