Крилниот напаѓач на Тиквеш, Едиз Спахиу, одигра одличен натппревар против Силекс, го постигна победничкиот гол за пласман во елитата и влезе во окото на селекторот на фудбалската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски. Тој доби дополнителен повик да се појави на денешниот тренинг на младиот национален тим и ќе биде дел од кампот кој ќе биде заокружен со пријателски натпревар против селекцијата на Словенија во Терме Чатеж на 3 јуни.
Спахиу досега има настапи за младата селекција до 19 години. Тој од Гостивар во зимскиот преоден рок го засили Тиквеш.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













