
Тиквеш ја загуби трката со Брегалница за директен пласман во Првата лига, но обезбеди бараж и подолг период се подготвуваше за мечот на сезоната. Противник за избраниците на Пане Блажевски е Силекс, актуелниот освојувач на Купот на Македонија, но и стар познаник од бараж – пресметките.
Кавадарци сака да се врати на прволигашката фудбалска мапа, градоначалникот Митко Јанчев им даде максимална поддршка на фудбалерите на Тиквеш, а тие денеска (16 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ќе треба да покажат дали се кадарни за влез во елитата.
Тренерот Пане Блажевски верува во својот тим.
„Очекувањата се Тиквеш да го внесеме во Првата лига. Визијата ни беше бараж, го остваривме, а сега следи дуелот против Силекс, прволигаш кој е секако квалитетна екипа. Но, не ги преценуваме, ниту пак мислиме да ги потцениме. Добро го анализиравме противникот, интенција е да одиграме максимално одговорно и да го извлечеме најдоброто од тимот. Верувам дека Тиквеш може во елитата“, истакнува шефот на стручниот штаб на Тиквеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
