
Лидс Јунајтед имаше стабилна сезона во Премиер – лигата, а македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стартер во тимот на Марсело Биелса на најголем дел од натпреварите. Тој ја доби довербата на искусниот стратег и имаше забележителни настапи во најквалитетното англиско фудбалско друштво. Договорот му истекува ова лето, а фановите инсистираат клубот да ја продолжи соработката со Алиоски.
„Алиоски е еден од најдобрите во тимот. Тој имаше голем придонес и во влегувањето во Премиер – лигата, а докажа и дека може одлично да игра на својата позиција во елитата. Треба да добие нов договор“, порачуваат навивачите на Лидс Јунајтед.
Македонскиот репрезентативец од утре треба да се приклучи на националниот тим на стартот од подготовките за Европското првенство. Каде ќе игра на клупски план следната сезона можеби ќе одлучи и по настапот со Македонија на ЕП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal