
Навивачите на Црвена звезда предизвикале тепачка за време на прославата на шампионската титула на брегот на реката Сава во Белград каде биле распоредени силни полициски сили. Две лица се повредени и завршија во Ургентниот центар.
Приврзаниците на „црвено-белите“ се собраа на брегот на Сава за да го прослават 32. шампионски трофеј.
Прославата се претвори во хаос во кој беа оштетени рестораните во салата Бетон.
Неофицијално, биле нападнати инспектори во цивилна облека за кои навивачите на Звезда сметале дека се навивачи на Партизан. А кога им рекле дека се полицајци, навивачите почнале да ги тепаат уште повеќе.
На потегот кон Калемегдан, направена е поголема материјална штета. Морале да интервенираат специјалните полициски единици со џипови кои пристигнаа под Бранков мост.
Српските медиуми јавуваат дека се уапсени околу стотина навивачи.
Navijači Zvezde tukli policajce misleći da su Grobari https://t.co/kMeNaKqPm8
— nova.rs (@novarsonline) May 23, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
