
Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов по пет и пол сезони го напушта кипарскиот клуб АЕК Ларнака. Тој е слободен агент и ќе побара нова средина, а за разделба доби убав подарок, врамен дрес со бројот на настапи за тимот – 146.
„Беше привилегија да се биде дел од овој одличен клуб. Пријатна атмосфера, одлична организација, совршени меѓучовечки односи. Минав прекрасни мигови во АЕК Ларнака за овие пет и пол години, го освоивме Купот и Суперкупот на Кипар, не успеавме да освоивме трофеј во шампионатот, но тоа е мојата желба на разделба и од срце посакувам да ја реализирате во блиска иднина“, истакна Даниел Мојсов.
Во АЕК Ларнака остануваат Иван Тричковски и Стефан Спировски како претставници на македонскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal