Раководството на германскиот бундеслигаш Вердер Бремен објави дека Флоријан Колфелд веќе не е шеф на стручниот штаб. Во соопштението се наведува дека одлуката за крај на ангажманот на Колфелд е донесена по вчерашниот пораз во 33. коло од Бундес -лигата, во кој Вердер загуби на гости (2-0) од Аугсбург.
Вердер веќе постигна договор со поранешниот тренер на клубот Томас Шааф, кој ќе го води тимот од клупата во последното коло од Бундес – лигата и на евентуални плејаут-натпревари за опстанок во елитата.
Во моментов, Вердер е на 16. место на табелата со 31 бод, односно на позиција што води во плејаут за опстанок. Арминија Билефелд има еден бод повеќе од Вердер на 15.место, а Келн има 30 бода на 17. позициа. Трите екипи ќе водат голема битка за опстанок во Бундес – лигата во последното коло од сезоната.
Вердер ја пречекува Борусија Менхенгладбах во последното коло од германскиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













