Connect with us

Солскјер: Ќе се обидеме да ја одложиме шампионската промоција на Сити

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, е задоволен од триумфот против Астон Вила во Премиер – лигата со што „ѓаволите“ ја спречија промоцијата на Манчестер сити во нов шампион.


„Многу сум среќен со победата, секогаш е тешко да се игра по натпревар во европските натпреварувања. Се вративме дома во петокот наутро. Одлична реакција на тимот по примениот гол, не можам да ги обвинувам момците за таквата игра во првото полувреме. Пораз на Манчестер сити? Тоа е добро, не мора да гледаме како нивните навивачи слават на улиците. Ќе се обидеме да ја одложиме нивната промоција“, изјави Солскјер.

По 35 кола, Манчестер јунајтед заостанува десет бода зад лидерот на табелата Манчестер сити, а „црвените ѓаволи“ имаат и еден натпревар помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови