Ренова сака победа за бегство кон средишниот дел од табелата, а Шкупи брка триумф за да остане во трка за шампионската титула со Шкендија. „Гипсарите“ можеби имаат предност на клупата со оглед дека го вратија Ќатип Османи кој добро го познава составот на Шкупи каде работеше до март. Шкупи е во налет, посебно напаѓачот Дембо Дарбо кој игра во одлична голгетерска форма.
„Одиме на победа во Тетово. Веруваме во нашиот квалитет и со максимален ангажман можеме до посакуваните три бода. Знаеме дека Ренова е незгоден противник и дека не очекува тежок натпревар“, најавува стоперот на Шкупи, Бесарт Кривањева.
Ренова се наоѓа на деветтата позиција со 15 освоени бода, а Шкупи е второпласиран со 32, четири помалку од лидерот Шкендија.
Останатите натпревари од 17.коло во Првата фудбалска лига се закажани за утре.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













