Селекциите на САД и Мексико ќе се соочат во финалето на Голд Купот. Во полуфиналната фаза, Американците извојуваа победа од 2-1 против Гватемала, додека Мексиканците обезбедија минимален триумф од 1-0 против Хондурас.
Главна фигура во американскиот табор беше 21-годишниот играч за врска Диего Луна, кој ги постигна двата гола за својот тим во првите 15 минути од натпреварот. Гватемала успеа да намали преку Ескобар во 80. минута, но не најде сили за целосен камбек.
Ова ќе биде 13. настап на САД во финалето на Голд Купот.
Во другиот полуфинален дуел, Мексико славеше благодарение на погодокот на Раул Хименез, кој во 50. минута го совлада голманот на Хондурас. Напаѓачот на Фулам се покажа како клучен човек на натпреварот, со што му обезбеди место во финалето на својот национален тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер со крупни чекори ита кон Скудетото (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лео Меси си купи фудбалски клуб во Шпанија













