Јувентус продолжува со напорите за постигнување договор со Пари Сен Жермен за напаѓачот Рандал Коло Муани, но двете страни сè уште не успеале да се усогласат. ПСЖ е внимателен во однос на понудата од „старата дама“.
Коло Муани пристигна во Торино како позајмен играч во јануарскиот трансфер период, со договор што важеше до крајот на сезоната 2024/25. Подоцна, двата клуба се согласија на продолжување на позајмицата до завршувањето на Светското клупско првенство, кое за Јувентус заврши со пораз од Реал Мадрид (0-1) во вторникот навечер.
Во моментов, Коло Муани и натаму е играч на ПСЖ и има важечки договор со францускиот клуб до летото 2028 година.
Јувентус е решен да го задржи напаѓачот, откако тој постигна осум голови во 16 натпревари од Серија А во вториот дел од сезоната.
Сепак, Јувентус работи на нов договор за позајмица со опционален откуп, додека ПСЖ бараат или целосна продажба, или пак нова позајмица, но со задолжителна клаузула за откуп.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













