Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето на Лигата на Европа благодарејќи на убедливиот триумф против Рома (6-2) на првиот полуфинален меч одигран на „Олд Трафорд“. Синоќа во Рим „црвените ѓаволи“ загубија со 3-2 и менаџерот Оле Гунар Солскјер не е задоволен од изданието на тимот.
„Не одигравме на посакуваното ниво. Не сум задоволен од настапот на тимот, имавме среќа што Де Хеа беше расположен на голот. Дозволивме Рома да создаде многу шанси и реално можеби мечот требаше да заврши 8-6“, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на Европа на 26 мај во Гдањск ќе игра против шпанскиот тим Вилјареал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по потписот на Марк Гехи
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













