
Вилјареал за првпат во историјата ќе биде дел од финале во европските купови. Шпанскиот тим го примени познатиот рецепт, го доведе Унаи Емери, специјалистот за освојување на трофеи во Лигата на Европа.
Вилјареал обезбеди триумф од 2-1 во Шпанија, а синоќа ремизираше без голови против Арсенал на „Емирати“.
„Арсенал беше голем фаворит и ние моравме напорно да работиме за да се пласираме во финалето. Среќни сме што на крајот успеавме да ја реализираме целта. Сега можеме малку да уживаме, а потоа да се подготвиме за големото финале“, изјави Унаи Емери.
Финалната пресметка меѓу Вилјареал и Манчестер Јунајтед е закажана на 26 мај во Гдањск.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
