
Само еден ден откако потврди дека бил на чекор до трансфер во Барселона, се појавија шпекулации дека Лаутаро Мартинез е во преговори со Реал Мадрид и може да биде ново засилување на тимот за следната сезона во Лигата на шампионите и во Ла Лига.
Аргентинските и шпанските медиуми тврдат дека преговорите се водат само меѓу играчот и „кралскиот клуб“ во моментот. Целта на Реал е да се постигне договор со Аргентинецот пред отворање на разговори со Интер. Лаутаро, кој беше еден од столбовите на “нероаѕурите” во освојувањето на титулата во Серија А, исто така неодамна откри дека Флорентино Перез е заинтересиран за неговите услуги веќе подолго време.
“Реал Мадрид двапати ме бараше кога играв во младинските тимови на Расинг, но јас го одбив бидејќи сакав да се прославам во аргентинскиот фудбал. Ја напуштив Аргентина кога се почувствував подготвен за тоа”, изјави 23-годишната ѕвезда на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
