Младата репрезентација на Македонија доживеа и втор пораз на силниот меѓународен турнир за фудбалери до 15 години што се одржува во Хрватска. Домашната селекција на Хрватска беше подобра од Македонија со убедливи 7-1. Единствениот погодок за нашиот национален тим го постигна Дарко Сековски.
Вчера, Македонија загуби со 4-2 од Белорусија. Во еден интересен натпревар, полн со возбудувања, отворена игра и шест погодоци, избраниците на селекторот Неџат Шабани на крајот доживеаја пораз.
Селекцијата на Белорусија одлично го започна натпреварот, ги искористи своите можности и постигна два гола во почетната фаза од средбата.
Стрелци на головите беа Захар Баранок и Раџинов Млаџеџев во 14.минута и во 21.минута. Нашите фудбалери ги консолидираа своите редови, и до крајот на првиот дел успеаја да го изедначат резултатот. Максимилијан Димитриевски го намали резултатот на 2-1 во 24.минута, а пет минути подоцна на 2-2 израмни Алтин Алиу.
Во продолжението од средбата, противникот успеа да постигне уште два гола. Во 46.минута, Руслан Миалковски погоди за предност на Белорусија од 3-2. Раџинов Млаџаџев ги постави конечните 4:2 на средбата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













