Македонија ЃП е најпријатното изненадување во есенскиот дел од првенството, составот на Жикица Тасевски досега нанижа десет победи во Првата лига, а денеска сака да ја заокружи есенската авантура и со 11. триумф, на дуелот против Ренова во Ѓорче Петров.
„Лавовите“ на Тасевски се гладни за бодови, се вмешаа и во борбата за шампионската титула и нема да отстапат од јасната цел. Ренова игра многу подобро под раководство на Ќатип Османи и се очекува жесток дуел на стадионот во Ѓорче.
Работнички на арената „Тодор Проески“ го пречекува Борец, кој исто така има убава есен. Велешани ќе бидат без тренерот Горазд Михајлов кој е во изолација, но и без него победија на минатиот меч со Силекс. Ќе биде ова интересна пресметка.
Шкендија е фаворит против Пелистер во Тетово, а возбудлив ќе биде и дуелот меѓу Шкупи и Струга Трим Лум. Силекс во Кратово го пречекува составот на Академија Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













