
Манчестер Сити вечерва (21 часот) гостува на „Паркот на принцовите“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Менаџерот на англискиот тим Пеп Гвардиола сака да го освои трофејот во ЛШ и со „граѓаните“ и вели дека ПСЖ е одличен тим, но навикнат е да игра против тимови кои се бранат 90 минути на натпреварите. Против Манчестер Сити, тоа нема да биде така.
„ПСЖ е тим кој е навикнат да игра против екипи кои се бранат во текот на сите 90 минути. Со нас ќе биде сосема поинаку. Знам и дека имаат неверојатно офанзивно оружје, но нема да го минам целото полуфинале во страв дали ќе погодат Мбапе, Нејмар или останатите. Ние не сме добри кога се браниме, сакаме да ја имаме топката во нозе и нема да отстапиме од нашиот стил на игра. Мораме и многу да трчаме, затоа што ПСЖ е силен на тој план. Го победи Баерн Минхен иако германскиот тим имаше речиси 50 шутеви кон голот“, изјави Пеп Гвардиола.
Англискиот тим нема проблеми со повредени фудбалери, а Маурисио Покетино ќе го нема на располагање Хуан Бернат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
