
Навивачката група Комити и оваа година ја продолжи традицијата, за новогодишните празници да ги израдува оние кои што во моментот се ранливи и потребна им е секоја помош, барем празниците да ги минат со насмевка.
„Како и секоја претходна година, ние нашето го направивме, можеби е незначително но нашето задоволство е дека барем за момент успеавме да предизвикаме насмевка од оние чии насмевки се најдрагоцени и бесценети.
Годинешната акција под мотото “Подари срце – Измами насмевка” е повеќе од успешна ! Собрани се стотици пакетчиња и разни други подароци кои веќе се пристигнати на предвидените адреси. Успехот немаше да биде до толку голем, доколку не бевте сите вие кои дарувавте и ја поддржавте акцијата, но и вие кои не можевте да подарите ништо повеќе од вашите срца. За тоа во името на сите оние насмеани деца кои барем за момент ги поштедивме од секојдневието исполнето со тажни вести, но и во наше име што ја поддржавте нашата акција, ви испраќаме огромно БЛАГОДАРАМ !
Оваа година вашите и нашите срца беа со сите вас, а даровите пристигнаа на следните адреси:
– Центарот за бездомници во Чичино село (Скопско)
– Мали групни домови за деца без родители “25 Мај Скопје”
– Клиника за детски болести
– Асоцијација за правата на децa и младинци со посебни потреби „Ластовица“(поддржано од Комити Драчево) и
– Центар за бездомници – Визбегово
Продолжуваме со нашите активности, следна на календарот е Крводарителната акција закажана за Вторник, 29. декември во Даре Џамбаз.
Срцата наши за вас чукаат !“, информираат Комити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации
