
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски добил нова понуда од англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед за продолжување на договорот, но ја одбил, пренесува „Фудбал Инсајдер“. Раководството на клубот сака да ја продолжи соработката со левиот бек, но Џани Алиоски ја одбил понудата. По ова, многу веројатно е дека македонскиот репрезентативец ќе го напушти „Иланд Роуд“ ова лето.
Медиумите на Островот тврдат дека Езгјан Алиоски има потпишано преддоговор со Галатасарај и дека по завршувањето на оваа сезона ќе направи трансфер во Турција. Тој добил понуда и од турскиот прволигаш Трабзонспор која исто така не ја прифатил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal