
Академија Пандев врти нов лист во зимската пауза, го ангажираше Александар Васоски за нов шеф на стручниот штаб, а сопственикот Горан Пандев најавува и бразилско засилување во навалната линија.
„Сакам да му заблагодарам на Александар Васоски што прифати да биде тренер на Академија Пандев. Знам колку е поврзан за Вардар и во нашите разговори ми рече дека Академија Пандев, поради нашето пријателство, е единствениот друг клуб во Македонија кој би се нафатил да го води. Имаме сериозни планови да го засилиме тимот, ќе анагжираме и Бразилец во нападот. Преговорите се во завршна фаза, потоа ќе биде обелоденето и името во јавноста“, открива за МАКФУДБАЛ, капитенот на националниот тим и сопственик на клубот, Горан Пандев.
Академија Пандев веќе договори неколку засилувања за вториот дел од сезоната. Голманот Марко Јовановски, поранешниот вардарец Коста Манев, хрватскиот интернационалец Марко Мартинага и досегашниот „романтичар“ Николче Шаркоски се аквизициите на „пандевци“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лука Модриќ потпишува за Милан
