Англискиот премиерлигаш Тотенхем прави напори да го задржи Герет Бејл и следната сезона. Тој дојде на едногодишна позајмица, а по завршувањето на сезоната мора да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ за да ја одработи и последната година од договорот со „кралскиот клуб“.
Сепак, раководството на Тотенхем ќе се обиде да го задржи Бејл. И покрај неговата огромна плата, која во моментов ја плаќаат заеднички со Реал Мадрид, првиот човек на клубот Даниел Леви верува дека Герет Бејл би бил лидер на тимот на Тотенхем следната сезона. Клубот планира да ги задржи и Хари Кејн и Деле Али, кој очекува дека ќе има еден вид фудбалска рехабилитација откако замина Жозе Мурињо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski