Connect with us

Модриќ потпиша договор, Реал Мадрид сака и капитенот Рамос да остане

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ дефинитивно останува во Реал Мадрид уште една сезона. Тој веќе ставил потпис на нов договор со „кралевите“, открива претседателот Флорентино Перез.


Модриќ се согласи на намалување на платата за да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Новиот договор има важност до јуни 2022 година, односно за уште една сезона.


„Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал. Можно ли е да не сакам и Серхио Рамос да остане? Не станува збор за друго, туку за финансиската ситуација во која се наоѓа Реал Мадрид“, изјави Флорентино Перез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови