
Гранде Пандев влезе меѓу легендите во Серија А и кога се голгетерите во прашање. Вечерва постигна два гола против Беневенто и дојде до бројката од 100 гола во Калчото. Секако, следеше интервју за „Скај Италија“, заедно со тренерот на Интер, Антонио Конте.
„Немој да сопираш Горане, можеш ти уште многу да му дадеш на фудбалот“, порача Конте, охрабрувајќи го Пандев да игра најмалку уште една сезона.
Пандев потврди дека е голем „интериста“ и верува дека Интер веќе ја осигурал титулата.
„Да, да, секако сум голем фан на Интер. Титулата? Верувам дека се е готово. Интер го заслужи трофејот“, изјави Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal