
Бесмртен и во Серија А. Горан Пандев стигна до фантастично остварување во италијанското Калчо постигнувајќи неверојатни 100 гола. Тој е во одбрано друштво на само 86 голгетери на кои им успеал ваков подвиг, заедно со легендарниот Џузепе Меаца, но и Франческо Тоти, Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро, Габриел Батистута, Златан Ибрахимовиќ, Роберто Манчини, Кристијан Виери, Андриј Шевченко…
По мечот против Беневенто (2-2), Горан Пандев изјави дека е среќен што го комплетираше јубилејот токму во дресот на Џенова.
„Среќен сум што стигнав до 100 гола во Серија А и тоа во дресот на најстариот клуб во Италија. Ова е уште поголем подвиг затоа што всушност и не сум прв напаѓач. Среќен сум, но требаше да победиме. Беневенто играше добро во одбраната, се бранеа храбро. Сега треба да ги наполниме батериите и да се фокусираме на следниот меч во битката за опстанок“, изјави Горан Пандев.
Тој е меѓу 20 најдобри странци стрелци во Серија А. Почна од Анкона на 12 јуни 2003 година, кога се запиша во листата на стрелците против Болоња во поразот (2-3). Најмногу голови постигна за Лацио (48), потоа сегашниот клуб Џенова (27), во дресот на Наполи постгна 19, за Интер стрелаше петпати и еднаш, првиот пат за Анкона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski