
Најдобриот играч на Шкупи, а според изборот на МАКФУДБАЛ и најдобриот играч на есента во Првата фудбалска лига, Дембо Дарбо, е пред трансфер во Белорусија. Тој е пред потпис со најдобриот тим во белорускиот шампионат, Шахтер Солигорск. Преговорите се влезени во завршна фаза и се очекува Дембо Дарбо со отворањето на зимскиот преоден рок да потпише тригодишен договор со Шахтер Солигорск.
Шкупи ќе успее добро да наплати од трансферот на Сенегалецот. МАКФУДБАЛ дознава дека се работи за отштета од 600.000 евра која ќе легне на сметката на клубот од Чаир.
Блиску до потпис со Шахтер Солигорск е и играчот за врска на Шкендија, Валон Ахмеди.
Шкупи ќе треба речиси комплетно да се реорганизира во зимскиот преоден рок. Замина тренерот Умит Каран, како и неколку други фудбалери кои беа стандардни првотимци, Дарко Глишиќ, Кристијан Наумовски, можеби и Бесарт Кривањева.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
