Каталонскиот гигант Барселона работи на многу полиња по доаѓањето на Хоан Лапорта. Беше меѓу „одметниците“ за формирање на Суперлига, но кога е клупската политика во прашање, сигурно дека на прво место е задржување на Лионел Меси на „Камп Ноу“.
Наводно, Аргентинецот е подготвен да остане во Барселона уште две сезони, но бара цврсти гаранции дека тимот ќе биде конкурентен да се бори за трофејот во Лигата на шампионите.
Лапорта го уверил Меси во тоа, а допрва треба да почнат преговорите со таткото на Меси како негов агент. Една од желбите на Меси за ново засилување во нападот ќе биде реализирана со ангажманот на неговиот најдобар пријател Серхио Агуеро.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski