Connect with us

Феде Валверде позитивен на Ковид-19

Реал Мадрид нема да може да смета на Федерико Валверде, одличниот играч за врска најмалку уште десетина дена. Тој останува во изолација откако добил позитивен тест на Ковид-19. Претходно, Валверде беше изолиран поради тоа што имаше контакт со лице заболено од коронавирусот. По одреден период и тој појавил симптоми и ќе мора да остане одделен од тимот.

Зидан ги доби назад во тимот Варан и Карвахал, но Тони Крос нема да настапи вечерва против Кадиз. „Кралевите“ подолг период се соочуваат со многу изостаноци поради повреди и болест.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови