
Македонскиот прволигаш Ренова прв од сите клубови во нашата земја ги стартуваше зимските подготовки. Тренерот Ќатип Османи денеска напладне го одржа првиот собир со фудбалерите, а потоа и првиот тренинг.
Првиот дел од подготовките „гипсарите“ ќе го реализираат во Тетово, а потоа ќе се преселат во Охрид каде ќе одиграат неколку контролни натпревари.
Што се однесува до засилувањата, Арлинд Алити кој беше дел од Струга Трим Лум, пристигна во таборот на Ренова, а се очекува и интернационално засилување во навалната линија, Колумбиецот Џон Еду Перез. Тој доаѓа од тимот на Ланерос и треба да се приклучи до крајот на оваа седмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
